Сведок: Жителите од Пустец за лични карти се сликаа во БЕКО, а ги носеше Мунир Пепиќ

Од:

Со испитување на вториот сведок во Кривичниот суд претпладнево продолжи судењето за предметот „Титаник” на СЈО.

Сведокот, началничка на одделот каде работат фотографите во МВР, рече дека во периодот октомври 2012 до април 2013 година, добила наредба да бидат изработени лични карти за жителите од Пустец со нецелосна документација, која, било ветено дека ќе биде дополнително донесена.

„Гулевска ме повика и ми кажа дека треба да бидат изработени документите. Ќе треба да бидат фотографирани и тоа е наредба од Киро, советник на министерката во тоа време. Цел живот работејќи не ми беше сеедно да ја прифатам таа информација. И било ветено дека документацијата ќе биде доставена отпосле. Одговорно лице за носење на лицата ќе биде Мунир Пепиќ и странките ќе бидат сликани со документ што го поседуваат. Не знаевме за колку лица станува збор. Договорот беше да бидат сликани во БЕКО и да бидат посебно одвоени за изготвување”, рече сведокот.

„Линкот беше сликање, одобрување, издавање на готови лични карти”, се присети сведокот.

Во предметот „Титаник“, кој е во доказна постапка, покрај експремиерот Никола Груевски, за серија кривични дела во поврзани со изборен криминал обвинети се ексзаменичката за правда, Билјана Бришкоска Бошковски, ексшефот на кабинетот на Груевски, Мартин Протоѓер, пратеникот Илија Димовски, поранешните министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, ексградоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, двајца од Агенцијата за разузнавање: Киро Тодоровски и Мунир Пепиќ, како и уште 11 други обвинети, вработени и членови на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Во Кривичен ново рочиште за случајот „Титаник“

Ана Ололовска

Судбината на предметите „ТНТ“, „Титаник“, „Монструм“ и „Талир“ во рацете на Судскиот совет

Ана Ололовска

Сведок во „Титаник“: Пополнував уплатници, но не ги уплаќав туку ги оставав во благајната на партијата

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Адвокатите на обвинетите во „Титаник“ бараат разрешување на поротничката

Кристијан Ландов

Ново рочиште за „Титаник“

Ана Ололовска

Судењето за „Титаник“ продолжува на 20 декември

Ана Ололовска