Сведок во „Титаник”: Над 500 лица во Кичево донирале средства за ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Од 90-тите години сум член на ВМРО-ДПМНЕ, и секогаш сум донирал парични средства во партијата, изјави сведокот Наќо Николовск од Кичево, во случајот ,,Титаник”, наведувајќи дека тоа го има направено во Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево, но не во банка.

– Никогаш не сум уплатил во банка во име на партијата, меѓутоа секој месец сум донирал во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, во ОК-Кичево. Највисок што сум го донирал беше 20 илјади денари во 2011 година пред изборите, а пред тоа сум плаќал членарина од две-три илјади денари. До моментот кога бев повикан во СЈО, не знаев дека во мое име е исплатен износ од 60 илјади денари. Уплатницата ја видов при распитот и потписот не беше мој, рече сведокот Николовски.

На прашање на обвинетиот Илија Димовски, дали бројот на лица кој плаќале членарина го надминува бројот 500, тој наведе дека бројот бил поголем и дека ОК ВМРО-ДПМНЕ – Кичево, потоа парите ги уплатиле во банка во име на партијата.

Судењето за овој предмет го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова.

Меѓу главните обвинети за овој случај се поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот пратеник Илија Димовски и други поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Според обвинението поднесено од поранешното СЈО, обвинетите се осомничена за кривичните дела повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Би можело да ве интересира

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Рочиштата на Титаник, Ласкарци и Жан Митрев одложени поради самиотот на ОБСЕ

Изборот на нови судии во Апелација, може да ги врати „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ од почеток

Првокласно мени од Титаник продадено за 75.000 евра

Горан Наумовски

Во завршните зборови Стефанова ќе каже дека застарело делото „злосторничко здружување“ во „Титаник“

Ново рочиште за „Титаник“: Законските измени го застаруваат делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески