Сведоци со полиција се носат во суд и менуваат изјави, не сакаат да сведочат против Усеини за претепувањето на Топалоски

Од:

Судијата кој го води судскиот процес против охридскиот советник и бизнисмен Нефи Усеини, за претепување на неговиот сограѓанин Спиро Топалоски, мака мачи со сведоците предложени од Обвинителството. „А1он“ дознава дека скоро сите ги менуваат изјавите дадени за време на истрагата, се кријат и не доаѓаат на закажаните рочишта, а на други не можат да им се најдат адресите. Сето ова, оди во корист на Нефи и неговиот брат Ибро Усеини кои се обвинети. Дури и претепаниот Топалоски, неколку дена по инцидентот и сведочењето за „А1он“ ја промени изјавата и кажа дека не бил нападнат.

Но, судот не се откажува од тоа да ги доведе сите сведоци предложени од Обвинителството. На едно од претходните рочишта, со полиција бил донесен сведок кој претходно не се јавил пред судот иако имал уредна покана. Последното рочиште било одложено, бидејќи никој не може да најде кај живее уште едно лице кое било сведок на настанот.

Сепак, снимките од камерите каде е снимен целиот инцидент ќе бидат пресудни. Исказите на сите сведоци, ќе бидат споредени со видео материјалите од моментот на инцидентот пред охридски хотел, па потоа ќе се одлучи дали судот ќе им подари верба.

Судскиот процес тече бавно и е подложен на опструкции. Ова го покажува и тоа што уште во фаза на истрага, четири дена по претепувањето и самиот Топалоски кој го пријави настанот го промени исказот. Откако за „А1он“ сведочеше дека Усеини извадил пиштол и го нападнал, тој потоа кажа дека само стекнал таков впечаток, но не видел ништо. Тој наместо, исказот дека бил нападнат од Усеини, го промени дека со обвинетиот само разговарал.

Ваквиот пристап на Топалоски, продолжи и кога предметот почна да се суди. Тој не се појави на првото рочиште за предметот каде има статус на оштетен и главен сведок, под изговор дека неговата сопруга вработена во детска градинка не можела да отсуствува од работно место така што немало кој да се грижи за децата. На второто рочиште, не дојде поради стоматолошка интервенција. Кога конечно се појави пред судијата, Топалоски кажа дека не сака да сведочи и да се присеќава на моментите бидејќи му буделе лоши емоции.

Обвинителството покрена постапка против браќата Усеини за настан што се случи на 18 август минатата година кога пред хотел во Охрид, Спиро Топалоски физички бил нападнат од браќата Усеини, при што според првичната изјава на оштетениот бил изваден и пиштол, а кон него и неговиот малолетен син биле упатувани закани. Судскиот процес против двајцата браќа се води поради сомневање дека се сторители на кривично дело „насилство“, иако против нив првично беше покрената пријава и за „неовластено држење на оружје или распрскувачки материјали“. Тие за овој предмет беа и во притвор, поради опасност од бегство. Беа ослободени со гаранција.

Судењето продолжува веќе во февруари, за кога е закажано ново рочиште.

Би можело да ве интересира

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Лазаревска: СДСМ бара одговорност за отстранувањето на спомен плочата од НОБ во Охрид, Пецаков да не молчи

Левица: Нефи поддржан од Пецаков ја отстрани спомен плочата на НОБ во Охрид

Бизнисменот Нефи Усеини, кој тепаше и градеше дивоградби, поднесе оставка од советничката функција во Охрид

Кристијан Ландов

Наместо затвор, Нефи Усеини доби казна под минимумот: парична глоба ќе треба да го натера да не тепа советници во иднина

Кристијан Ландов

По четири години турбо работа: Обвинителство утврди дека пицеријата на Нефи е дивоградба и го гони