Сведоци менуваат изјави додека Нефи Усеини е повторно советник, за дивоградбите остана нечепнат

Од:

Додека Нефи Усеини започна со втор мандат како советник во Охрид, неговите предмети во охридскиот суд тапкаат во место. Таму се водат две постапки, кои се однесуваат на претепување на две лица. Едниот случај е за инцидентот кога со пиштол го нападнал сограѓанинот Спиро Топаловски, додека другиот е за претепување на поранешниот советник од БЕСА, Џемал Мена. Според извори на „А1он“, докажувањето на првиот инцидент оди тешко во судските лавиринти бидејќи сведоците ги менуваат изјавите. Вториот случај се суди по покренат обвинителен акт, но, судењата се одложуваат. Другите предмети против Усеини кои се однесуваат на изградени дивоградби и натаму се во обвинителските фиоки.

Една година помина откако Обвинителството во Охрид се реши да го гони Усеини за насилство. Судењата течат споро и се одложуваат. Неколку пати за тоа беше причина обвинетиот, кој отсуството го правдаше со патувања во странство и здравствени проблеми. За тоа време, сведоците ги променија и изјавите, па ако претходно кажале дека виделе како Усеини му извадил пиштол на Топалоски, сега велат дека тоа не било така. Дел од нив, одбиваат и да сведочат. Дури и лицето кое беше нападнато, пред судот кажа дека не сака да сведочи за моментот кога беше нападнат, со оправдување дека тоа му создава непријатност.

Вториот предмет против Нефи Усеини кој се суди е за шамарите и боксовите кои му упати на екссоветникот Џемал Мена. Овој процес е на почеток. Веќе на следното рочиште свој исказ пред судот треба да даде и натепаниот Мена. Претходните две расправи беа одложувани. Едната не се одржа по барање на натепаниот Мена, а веќе следниот пат, обвинителот најавил дека ќе биде на одмор и не се појавил. „А1он“ исконтатира со Мена со прашање дали тој ќе остане при истата изјава дека бил натепан од Усеини за време на седница на Совет. Тој не сакаше да одговори, и рече: „ќе видите“. Во овој предмет Усеини се гони за спречување службено лице во вршење на службено дејствие.

Предметот за дивоизградената тераса кај Чинарот од страна на Усеини, две години стои во обвинителската фиока. Причина прво беше чекањето на вештачењето, а сега се чека Усеини да отиде на распит. По ова, обвинителот ќе треба да каже дали ќе го гони или ќе се откаже. Терасата на Усеини е изградена на државно земјиште. На тоа место порано имаше времен објект, а сега е изградена тврда конструкција. Две години по нејзината изградба, таа и натаму работи.

Пред една година започна да работи и дивоизградената бетонска база на Нефи Усеини. Таа и натаму функционира, а ниту една инспекција не ја затвори. Обвинителството има предмет и за неа, а завршени се и вештачењата. Но, одлука дали ќе се поведе судска постапка, нема.

„Постапката по предметот се наоѓа во фаза на истражна постапка во рамките на која и натаму се постапува за обезбедување на потребните докази“, велат од Обвинителство за „А1он“.

И за време на сите овие постапки, Нефи Усеини по вторпат стана советник во Советот на Охрид. Тој претходно се повлече од позицијата при крајот на првиот мандат, а сега се врати повторно и е во опозиција, како избраник од ДУИ.

Би можело да ве интересира

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Лазаревска: СДСМ бара одговорност за отстранувањето на спомен плочата од НОБ во Охрид, Пецаков да не молчи

Левица: Нефи поддржан од Пецаков ја отстрани спомен плочата на НОБ во Охрид

Бизнисменот Нефи Усеини, кој тепаше и градеше дивоградби, поднесе оставка од советничката функција во Охрид

Кристијан Ландов

Наместо затвор, Нефи Усеини доби казна под минимумот: парична глоба ќе треба да го натера да не тепа советници во иднина

Кристијан Ландов

По четири години турбо работа: Обвинителство утврди дека пицеријата на Нефи е дивоградба и го гони