Сведоци на денешното рочиште за „Титаник”

Од:

Судскиот предмет „Титаник”, денеска продолжуваа во Кривичниот суд во Скопје. Минатото рочиште за овој предмет се одложи заради отсуство на обвинетиот Кирил Божиновски. Овој случај е во фаза на презентација на сведоци, односно на денешното рочиште треба да се сослушаат повеќе сведоци.

Предметот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Кирил Тодоровски и други. Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Би можело да ве интересира

Елек за спасување од „Титаник“ продаден за 906.000 долари

А1он

Кејт Винслет за темната страна на славата по успехот на „Титаник“: Се плашев да заспијам!

А1он

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Рочиштата на Титаник, Ласкарци и Жан Митрев одложени поради самиотот на ОБСЕ

Изборот на нови судии во Апелација, може да ги врати „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ од почеток

Во завршните зборови Стефанова ќе каже дека застарело делото „злосторничко здружување“ во „Титаник“