Сведочење на обвинет за 27 април: Никола Бошковски имаше оружје во неговиот автомобил

Од:

Обвинетиот за настаните од „крвавиот четврток“ во Собранието, Стефан Младеновски, во неговото денешно сведочење пред судот рече дека Никола Бошкоски имал паркирано возило во близина на Собранието, каде што имал автоматско и полуавтоматско оружје.

Тој рече дека слушнале оти група Албанци се собираат и се подготвуваат да дојдат накај Собранието и оти тие имале оружје. Младеновски го прашал обвинетиот Нинџа, што ќе се случи доколку дојдат Албанците, на што тој одговорил дека и пред Собранието има луѓе што знаат да пукаат.

„Кога излеговме од Собранието се упативме кон Прометеј споменикот во Жена парк, сите од ‘Дион’ беа таму, меѓу кои Нинџа и Кољо. Беше и Игор Југ кој се лутеше на луѓето со него зашто го оставиле сам. Кај споменикот на Прометеј беше присутен и Дејан Димовски боксер, вработен во УБК, кажа да не се секираме бидејќи камери нема, тој ги искршил. Истото лице кажа дека во 22 часот Иванов ќе има обраќање и ќе прогласи воена состојба дека веќе имало поставено војска на патарините и кај Групчин. Но тоа не се случи. Дејан Димовски Боксер кажа дека таа информација ја добил од некое лице Синиша кој работи кај претседателот Иванов. Кај споменикот кај Прометеј Нинџа ми кажа дека има лица вработени во специјалната единица. Во еден момент се слушна дека група на Албанци се собираат и се спремаат да дојдат према Собранието и дека истите се вооружени. По тоа Нинџа отиде да се види со Никола Бошкоски кој како што разбрав е дојден со некое возило кај Градска болница а во возилото имало оружје, автоматско и полуавтоматско оружје. Го прашав Нинџа што ќе се случи ако дојдат Албанците, тој ми кажа дека и тука има луѓе што знаат да пукаат. Потоа отидовме во ‘Дион’, кафулето беше затворено, но чуварот ни даде гајба сок. Бевме десетина луѓе меѓу кои Питроповски, Кољо Нинџа, Никола Бошкоски. Бошкоски беше среќен, не знам од која причина, а Нинџа му кажуваше што се случило. Нинџа потоа кажа да си одиме, а од наредниот ден ќе се договориме. Од тогаш Нинџа беше во параноја, рече да внимаваме што зборуваме бидејќи сè слушаат и сè знаат“, рече обвинетиот Стефан Младеновски во сведочењето.

Виктор Јованов.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ предлага отворање медицински факултет во Битола, ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема услови