Свеченост во касарната во Штип по повод враќањето на контингентот на АРМ од Авганистан

Од:

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи свеченост по повод враќањето на контингентот на АРМ од составот на Првата механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), кој учествуваше во мировната мисија ИСАФ во Авганистан во периодот јануари- јуни 2013 година.

На воената свеченост по повод враќањето на контингентот на АРМ од мисијата ИСАФ ќе присуствуваат министерот за одбрана Талат Џафери, началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, амбасадорот на САД во Република Македонија Пол Волерс, командантот на Здружената оперативна команда на АРМ бригаден генерал Методија Величковски, Командантот на 1.мпбр бригадниот генерал Стојан Димчов, претставници од локалните самоуправи и други цивилни авторитети од зоната на одговорноста на бригадата, роднините на припадниците од контингентот и други гости.

Во изминатите шест месеци припадниците од контингентот извршуваа задачи за обезбедување на главната команда на силите на ИСАФ во Кабул, како и останати задачи во зависност од потребите на мисијата.

За досегашното беспрекорно и професионално извршување на задачите, покажаната компатибилност и интероперативност со силите на Алијансата во мисијата ИСАФ, припадниците на АРМ од командата на ИСАФ и од високите командни структури на Алијансата добија највисоки оценки, заради што уживаат висок рејтинг.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он