Свеченост на Првата механизирана пешадиска бригада

Од:

Денот на Првата механизирана пешадиска бригада (мпбр) ќе биде одбележан денеска напладне во нејзината команда во касарната „Страшо Пинџур” во Петровец, во присуство на министерот за одбрана Зоран Јолевски и началникот на Генералштабот на АРМ Горанчо Котески.

Денот се одбележува на 2. април, согласно со одлука на Претседателот на Република Македонија за определување денови на единиците на Армијата на Република Македонија. На тој датум оваа единица е трансформирана согласно со новата организациско-формациска структура на АРМ.

Како повисока здружено-тактичка единица во составот на Здружената оперативна команда, 1.мпбр преставува главна борбена сила на АРМ која обезбедува готови сили за заштита и поддршка на националните интереси и дава поддршка при природни катастрофи, епидемии и други опасности, што е и нејзина основна мисија.

– Со достигнувањето на оперативната готовност, 1.мпбр ги презеде задачите и одговорностите на двете поранешни бригади, со што стана најголемата борбена единица во АРМ, во чии редови се наоѓаат припадници на АРМ од повеќе родови…  Првата мпбр е целосно компатибилна единица според стандардите на НАТО, а само во мисијата ИСАФ во Авганистан од нејзините редови учествувале над 1700 припадници. Оваа единица се одликува со висок интензитет на обука од различни содржини, организира и изведува голем број на вежби и различни активности кои се изведуваат на целата територија на Република Македонија, информира Министерството за одбрана.

Денот на 1.мпбр ќе биде прославен со постројување и свечено дефиле на единиците, а во изминатите денови во чест на Денот на единицата беа одржани и голем број спортски натпреварувања, хуманитарни акции и тактичко-технички збор со приказ на вооружувањето и техниката во гарнизоните каде се лоцирани единиците на бригадата.

Би можело да ве интересира

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски

Оброците за АРМ се 100% исправни, соопшти фирмата која ја подготвува храната