Свечено отворени новите простории на Амбасадата на Република Словенија во Скопје

Од:

Министрите за надворешни работи на Словенија и на Македонија, Миро Церар и Никола Димитров заедно со словенечкиот амбасадор во земјава Милан Јазбец денеска свечено ги отворија новите простории на Амбасадата на Република Словенија во Скопје.

Шефот на македонската дипломатија во своето пригодно обраќање истакна дека Македонија од Словенија има доста да научи, бидејќи има успешен модел кон кој се стремиме, а сакаме и да бидеме во НАТО и во ЕУ и да имаме успешна европска демократија.

-Тоа нема да биде лесно, но ќе го направиме.Одлучивме да успееме како земја. Патот не е лесен, но секое патување е полесно кога пријателите се со нас. Ова е специјална прилика и ова се поголеми простории на Амбасадата. Ќе се обидеме и нашето пријателство да го направиме поголемо ако тоа е возможно, рече Димитров.

Словенечкиот министер Церар пак истакна, задоволство е да се слушне дека Словенија служи како пример за Македонија во различни области, но нагласи дека македонската Влада со своите активности во последната година и неколку месеци и со сите аспекти што ги прави за да обезбеди сегашните и идните генерации да имаат подобар живот и станат дел од ЕУ исто така станува пример за други земји.

– Се надевам дека овој процес ќе биде успешен, затоа сме тука да изразиме целосна поддршка за уставните измени и напорите и активностите кон новиот живот на вашата земја во хармонија со европското семејство. Ќе продолжиме да ве поддржуваме во ЕУ и на сите можни начини, истакна министерот Церар.

Присуството на министрите за надворешни работи на двете земји на овој свечен чин, амбасадорот Јазбец го оцени како посебна прилика која се случува можеби и еднаш во дипломатската кариера, па и во животот, и претставува потврда на пријателството, соработката и поддршката што двете земји ја сподлеуваат, а која може да биде пример за другите земји.

Би можело да ве интересира

Загина 44 годишник по пад во бездна во Словенија – се обиде да го спаси синот

А1он

(ВИДЕО) По четири години уапсен во Љубљана: Американец обвинет за убиство на 15-годишна девојка во Тенеси

ВИДЕО: Семејство од Центар Жупа кое живеело во Италија настрада во несреќата во Словенија

Катерина Ѓуровски

Двајца малолетници меѓу Македонците загинати во Словенија

Катерина Ѓуровски

Загинаа тројца македонски државјани во сообраќајка во Словенија

А1он

Торнадо ја погоди Словенија и остави пустош: илјадници луѓе останаа без струја