Свечено одбележан 11. Септември – Денот на ослободувањето на Струмица

Од:

Во присуство на градоначалникот Зоран Заев, членови на Советот на општина Струмица, претставници на Општина Струмица, политички партии и институции, како и на граѓани, денес пред Споменикот на револуцијата во градскиот парк, се одржа свеченост по повод 11. Септември – Денот на ослободувањето на Струмица. На свеченоста организирана од Општина Струмица, за историографијата и значењето на празникот, пригодна реч одржа претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов. 

„За Струмица и струмичани, овој ден е повеќе од празник. Тоа се 72 години растеж, 72 години стремеж кон поубаво утре и конечно, 72 години продлабочена љубов меѓу градот и граѓаните. Таа љубов, таа нераскинлива врска, е клучниот фактор за успешниот опстој на ова парче од македонската земја. Овој светол ден не бара премногу од нас. Бара само малку внимание и почит, и рамноправен третман со другите значајни датуми од нашата богата историја. Бара само толку, ни помалку , ни повеќе. Ние сме тие што сме должни тоа да го исполниме. Тоа, овој ден и овој град го заслужуваат, како што го заслужуваат и Благој Јанков – Мучето, Герас Цунев, Сандо Масев, Јоска Свештарот, Боро Џони, Киро Минанов, Боро Поцков и останатите борци за слободата на Струмица и Македонија“, истакна Христов меѓу другото, во својот празничен говор. 

Во рамките на свеченоста, беше положено свежо цвеќе пред Споменикот на револуцијата, а членови на рецитаторската секција при Домот за деца и млади „Благој Мучето“ кажуваа стихови со револуционерна содржина во чест на празникот. Во алејата на младите во градскиот парк беше засадено дрвце на другарувањето.

Би можело да ве интересира

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица