Свечена заклетва на 25. генерација доброволци во АРМ

Од:

Во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес денеска свечена заклетва даде 25. генерација на доброволна воена служба во АРМ.

Во оваа генерација има 165 војници, од кои 12 девојки. Тие во наредните три месеци во Центарот за индивидуална обука при Командата за обука во Велес ќе стекнуваат знаења и вештини од основната воена обука.

Пред бројните гости, родители и пријатели на младите војници свечено дадената заклетва им ја честита Зоран Јолевски министер за одбрана.

– Доброволното служење во АРМ ви ја отвара можноста да продолжите со надградба на воената професија во професионалниот состав на служба во АРМ. Вие ја претставувате базата за натамошна селекција на професионални војници во нашата Армија и ви се отвара можноста да станете столб на одбраната на нашата татковина, потенцира министерот Јолевски.

Тој им вети дека Министерството за одбрана ќе стори се да ги отвори сите врати и тие да бидат дел од одбраната на Република Македонија.

Свечено дадената заклетва на младите им ја честите и полковникот Љупчо Костов командант на Командата за обука во велешката касарна.

Потсети дека низ Центарот за индивидуална обука во рамките на Командата за обука во изминатите 24 генерации поминале над четири илјади војници, од кои, како што рече, голем дел ја одбраа војничката професија и станале професионални војници во редовите на АРМ.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он