Свечена академија за јубилејот- 20 години АРМ

Од:

Македонија одбележува 20 години од формирањето на Армијата на Република Македонија. По тој повод, вечерва во Домот на АРМ  ќе се одржи свечена академија, на која  ќе присуствуваат Претседателот на државата и Врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов, министерот за одбрана Фатмир Бесими, началникот на ГШ на АРМ,  генерал мајор Горанчо Котески, министри во Владата, поранешни министри за одбрана и началници на ГШ на АРМ, пратеници во Собранието на Република Македонија, градоначалници.

На академијата ќе присуствуваат и амбасадори, воени аташеа, високи воени претставници акредириани во земјава, делегации од Вооружените сили на Република Турција и Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт.

Свое обраќање ќе има Претседателот на државата и Врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов.

Иванов, по повод јубилејот ќе ги одликува со Орден за воени заслуги генералот во пензија Митре Арсовски, Полкот за специјални операции на АРМ, Националната гарда на Вермонт и Турската воена академија.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он