Свечена академија во Битола за патронот на Универзитетот „Свети Климент Охридски“

Од:

Со повеќе активности денеска Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола денеска го слави и чествува патронот. Ректорот Сашо Коруновски на свечената академија во Битола кажа дека Светки Климент со својата учителско просветителска мисија застанал рамо до рамо со врвните книжевни дострели на византиската литература и беседништво.

– Денес повеќе од еден милениум подоцна, во поширокиот регион на лулката на Првиот словенски универзитет, живеејќи во едно друго време, време на брз развиток на технологии и неограничен проток на информации, кога потребата за образование, усовршување и напредок станува повеќе од секогаш императив во живеењето на секој поединец и нашиот Универзитет своето функционирање го заснова врз креирање на такво опкружување во кое образованието на секој млад човек, на секој поединец претставува наша долгорочна мисија, наша секојдневна задача. Токму затоа, свечената Академија што му ја посветуваме на свети Климент претставува уште една можност повеќе, на настанот од овој вид, покрај предзнакот, префиксот сеќавање да го додадеме и префиксот среќавање за споделување позитивни мисли, моменти и искуства, но и споделување во смисла да проговориме за предизвици, проблеми и перспективи поврзани со она што е во основата на нашето толку специфично академско делување, истакна ректорот на УКЛО, Коруновски.

– Универзитетот „Св. Климент Охридски“ како и останатите универзитети во земјата, а и пошироко во Регионот, се наоѓа на крстопатот кон европските интеграции, па затоа е потребно вклучување на сите негови професори, соработници, студенти и активно учество во реформските и други активности што значат осовременување на Универзитетот но и зацврстување на неговата меѓународна репутација, посочи Коруновски пред учесниците на свечената академија во Битола.

– Со сета свесност го истакнуваме фактот дека интернационализацијата, европеизацијатата, регионализацијата – тие клучни зборови на патот кон градење препознатливост на секоја високообразовна установа „дома“, но и на пошироко, меѓународен план не треба да бидат само празни флоскули туку „Modus Vivendi“ на оваа наша, по дефиниција, водечка и највисока високообразовна установа во Регионот. Дополнително, остануваме отворени и доостапни со цел да ги привлечеме сите оние кои имаат желба да ни го доверат своето образование, своето усовршување, сите оние што со своите интелектуални и морални кавалитети, со својата стручност сакаат да придонесат кон побрз развој на високото образование, на науката, во амбиент на еден автономен Универзитет каде основната претпоставка е академската слобода, индивидуалното надградување и потврдување на способностите и квалитетот, истакна Коруновски.

Би можело да ве интересира

Татко од Битола секојдневно си ги тепал и ги малтретирал децата

Битолчанец киднапирал 24-годишна жена и ја тепал

Битола по теркот на светските џез сцени: Национален Џез Оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато со изведби посветени на Реј Браун

Предраг Петровиќ

Поголем дел од Битола без вода за пиење

Катерина Ѓуровски

Пет „Ер трактори“ и еден канадер ќе интервенираат на пожарот во Битола

Пожарите над Битола и кај Радовиш ставени под контрола

Катерина Ѓуровски