Разбиена криминална група која продавала оружје

Од:

Денеска, како што информираше полицијата сузбиена била повеќечлена криминална група, која била составена од лица од Скопје, Тетово и Куманово, а која се занимавала со трговија на оружје.

„На 18.02.2019 година, од страна на БЈБ-Единицата за сериозен криминал и тероризам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактвен материјал при Одделот за криминалистичка полиција со поддршка на ОСПО и ОКТИВ, и во координација со ОЈО за ГОКК, спроведена е координирана полициска акција со цел сузбивање на повеќечлена  организирана криминална група составена од лица од Скопје, Тетово и Куманово инволвирана во вршење на кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ предвидено и казниво по чл.396 од КЗ на РСМ“, се наведува во соопштението на полицијата.

Во неколку различни случаи документирани се продажби на вкупно десет пиштоли, велат од МРВ и додаваат дека при претреси на домови и неколку други простории, за што претходно била издадена наредба од судија на претходна постпка, во притвор завршиле девет лица и тоа на возраст од 25 до 63 години.

„Постапувајќи по Наредби за претреси во дом и други простории издадени од Судија за претходна постапка, извршени се претреси на вкупно 13 локации, а при претресите лишени од слобода се Ф.А. (39), Б.А. (34), Н.М. (63), Ф. Ј. (32), А.А. (29), С.Н. (48), Б.М. (25) сите од Скопје и Џ.Р. (36) од Тетово и С.И. (47) од Кумановоз“, наведуваат од МВР.

Од досега преземените оперативно – тактички мерки при спроведеното криминалистичко истражување вкупно пронајдени и одземени се една автоматска пушка, една ловна пушка, 16 пиштоли, муниција од различен калибар, мобилни телефони и СИМ картички. Ф. А. и А. Б. подолг период, во работилница лоцирана во Скопје, со употреба на пригоден алат изработувале огнено оружје пиштол на тој начин што Ф. А. набавувал потребна количина на пиштоли за светлосна и звучна сигнализација, додека А.Б. во својата работилница сигналното оружје го конвертирал во огнено оружје, на начин што ја вадел цевката која што служи за испукување на гасен куршум и на нејзино место вметнувал метална цевка претежно од калибарот 7,65 мм,. Исто така, биле набавувани и други видови на огнено оружје и разни видови на муниција кои ги продавале на заинтересирани лица. По конвертирањето на оружјето, пронаоѓале заинтересирани лица и го продавале по цена од 250 до 400 евра, велат од полицијата.

Би можело да ве интересира

Пет закони ќе се менуваат за да профункционира „Безбеден град“

Уапсен Бугарин за измамите со лажни сообраќајки

Се трага по старица од Чашка чија куќата изгоре во пожар пред неколку дена

Тројца полицајци повредени во сообраќајка кај Струга

А1он

Проверките покажуваат дека станува збор за лажни пријави за бомби во училиштата, соопшти МВР

Катерина Ѓуровски

Извршени претреси во Одделот за општи и заеднички работи во МВР, одземени се мобилни телефони и обемна документација