Сугарески: ВМРО-ДПМНЕ се плаши од правдата и се обидува да бега, но одговорност ќе има!

Од:

„Бегањето од соочувањето со вистината стана заштитен знак на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Цели десет години тие бегаат од соочување со вистината и одговорноста за сопствените постапки. Таквото однесување кулминираше во последниот период.

Во неколку наврати, преку различни трикови успеаја да ја минираат Надзорната комисија за поплавите. Не сакаат на јавноста да им ја објаснат нивната неодговорност и неспособност, воопшто не ни помислуваат Надзорната да продолжи со работа.

Она што го видовме околу измените на Законите за СЈО и Заштита на сведоците дополнително потврди дека во ВМРО-ДПМНЕ се плашат од работата на СЈО и дека бегаат од соочување со правдата. Декларативно го поддржуваат Специјалното обвинителство а истовремено прават се за тоа да не работи со сиот капацитет. Исплашени од одговорноста, тие ги отфрлија нашите предлог измени на Законот за СЈО и Законот за заштита на сведоците.

Исплашени дека ќе загубат контролата врз вработените во адмнистрацијата, тие ги одбиваат и нашите предлог измени на Законот за административни службеници преку кои бараме оценувањето на службениците да се пролонгира по изборите.

Свесни сме дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да бега од соочувањето со вистината и свесни дека стравот од понесувањето одговорност, како наближуваат изборите, станува се поголем. Но тие мора да бидат свесни дека не можат вечно да бегаат. Се наближува денот кога секој ќе мора да понесе одговорност за сопствените постапки.

Доаѓа време на одговорност и транспарентност. Македонија не смее повеќе да си дозволи да биде водена од луѓе кои се плашат да се соочат со фактите и кои немаат чувство за одговорност“, изјави Горан Сугарески, координатор на пратеничката група на СДСМ и опозицијата.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски