Сугарески: Нова социјална зграда во Свети Николе

Од:

Интензивно работиме на мерки и политики кои значат многу во подобрување на социјалната положба на ранливите категории. Наша обврска е да создаваме услови сите овие лица да добијат кров над глава, сигурност и подобри услови за живот, истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески пред денешниот увид во изградбата на станбен објект наменет за социјално ранливи категории на граѓани во Свети Николе.

Зградата е со вкупно 48 станбени единици, а рокот на изградба е 18 месеци. Таа е наменета за лица од социјален ризик согласно Законот за социјална заштита.

„Почнавме со изградба на нова социјална зграда со вкупно 48 станови, со која верувам дека ќе овозможиме пристоен дом на социјално ранливите лица на кои станбеното прашање им е најголем проблем. Планираме и побрзо да биде изградена зградата, за да може што побрзо да бидат распределени на лица кои согласно законот им следува тоа. За овие две и пол години направивме пресвртница, го вративме достоинството на граѓаните со социјални мерки за извлекување на илјадници наши граѓани од зоната на сиромаштијата“, изјави Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

Тој потенцираше дека отпочната е изградба на 36 станови и во Виница, исто така за социјално ранливи категории, а континуирано тече изгардбата на социјалните згради и во Пробиштип и во Неготино.

Директорот на АД за станбен и деловен простор, Кристијан Трајковски истакна дека се работи на постапката за јавни набавки за уште седум социјални згради.

„Во следниот период очекувам да се започне зградата во Виница и во Бутел и најдоцна до петти месец да пуштиме јавна набавка за уште седум згради, така да во период од година или година и пол ќе започнеме со изградба на вкупно 13 згради”, изјави Кристијан Трајковски, директор на АД за стопанисување со станбен и деловен простор од значење на Републиката.

Градоначалникот на Свети Николе додаде дека после триесетина години за прв пат се гради зграда со ваква намена.

Би можело да ве интересира

Невремето направи штети во светиниколско

Катерина Ѓуровски

Кривична за поранешен градоначалник на Свети Николе

Маж кој се претставувал како полициски инспектор сакал да измами седум семејства од Свети Николе

Горан Наумовски

Пожар во Свети Николе, изгореа два објекта

Полициските хеликоптери со исфрлени 54 тони вода го локализираа пожарот кај Свети Николе

Министерството за живтна средина му ги одзеде ингеренциите на градоначалникот на Свети Николе за депонијата кај Мечкуевци