Судско-медиумски совет за јакнење на судската транспарентност

Од:

Судии и новинари ќе соработуваат за јакнење и афирмација на судската транспарентност и пристапност на јавноста до правда во новоформираното советодавно тело Судско-медиумскиот совет, формирано во рамки на Здружението на судии на Република Македонија.

Претседателот на Здружението на судии, Џемаил Саити, на отворањето на регионалната работилница посветена на советот, рече ова тело е редок пример во регионот.

– Успеавме да разбереме и прифатиме од американските судии дека нас ни се потребни медиумите, но и обратно, дека на медиумите им е потребна директна соработка со колегите, зошто нив им е потребна права, вистинска и навремена информација, без информации кои ќе доведат до нереални состојби во однос на судството, рече Саити.

Според Бенџамин Лингеман, од американската амбасад во Скопје, соработката меѓу судиите и седмата сила, како што се нарекуваат медиумите, е клучна за транспарентна и одговорна власт.

– Новинарите имаат голема одговорност да ги разјаснуваат активностите на владите и ги споделуваат со јавноста. Во однос на судовите, поголем пристап на медиумите на судењата и останатите постапки, имаат позитивен ефект на довербата на јавноста дека правдата ќе биде задоволена, истакна Лингеман.

Кога новинарите и властите соработуваат, нагласи Лингеман, тогаш и на добро информираната јавноста и е полесно да ги држи одговорни своите лидери, што на долг рок го јакне владеењето на правото и праведноста и независноста на судовите.

Конститутивната седница на советодавното тело за формализирање на дијалогот меѓу судиите и новинарите за прашања од заеднички интерес се одржа денеска во Скопје, на VIII регионална работилница од проектот „Зајакнување на улогата и независноста на судиите во Република Македонија“, финансиран од Амбасадата на САД во Република Македонија.

Судско-медиумскиот совет, составен од 21 член, од кои 11 новинари од електронски, поечатени и телевизиски медиуми, ќе ја следи и анализира состојбата на транспарентност во судството, како и ќе работи на олеснување на пристапот до судовите за правилно и објективно информирање за судските процеси во интерес на јавноста.

Советот, исто така, ќе организира и работилници за новинари и судии за подобро запознавање на професиите, размена на позитивни искуства и практики, како и јакнење на меѓусебната комуникација.

Би можело да ве интересира

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители

Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани Владата да бара во сопствените редови

Хисени: Признавањето вина од Мемети и од Георгиев – горчлив доказ за понатамошното намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Во Обвинителството и судството парите од буџетот за нови вработувања ги пренаменувале за плати велат од Финасии

Судскиот совет ја отфрли Иницијативата од ДКСК за одговорност на членови од Управниот одбор на АСЈО