Судскиoт совет разреши судија и избра четворица претседатели на основни судови

Од:

Судскиот совет разреши и еден судија поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и времено е оддалечен од вршење на судиската функција. Неофицијално, станува збор за судијата Горан Бошевски од Кривичниот суд Скопје, но од Судскиот совет велат дека името на разрешениот судија ќе се објави кога одлуката ќе биде потврдена од Врховниот суд.

Судскиот совет на денешната 377-та седница исто така избра претседатели на основните судови во Гостивар, Дебар, Гевгелија и Свети Николе.

– Елјеса Алији судија од Основен суд Гостивар е избран за претседател на Основен суд Гостивар, Мерсим Марку судија од Дебар, е избран за претседател на Основен суд Дебар, Марица Аврамчева Зафирова, судија од Основен суд Гевгелија, е избрана за претседател на основниот суд од овој град, и Лилјана Додевска, судија од Свети Николе, е избрана за претседател на Основен суд Свети Николе, соопшти Републичкиот судски совет.

Кандидатот за претседател на Основниот суд Виница не го доби потребното мнозинство согласно законот и Советот донесе Одлука за објавување нов оглас за избор на претседател на овој Суд.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ги поставија своите судии и почнаа со репресијата

Горан Наумовски

Зајкова: Реформи за Судски совет донесени на брза лента не градат доверба

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Нема кворум – Судскиот совет ја одложи седницата

Горан Наумовски

СДСМ: Преземање на судството, неуставна Резолуција и Катица во функција на власта се дел од исто сценарио

Советот на јавните обвинители ја назначи Наташа Крстевска Цалева за в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје