Судскиот совет лани добил барања за утврдување одговорност на 131 судија

Од:

Во 2019 година поднесени се барања за утврдување одговорност за 131 судија и претседател на суд, што е големо зголемување во однос на 2018 година кога биле поднесени десет вакви барања до Судскиот совет, изјави денеска претседателот на Советот Киро Здравев, на презентацијата на резултатите од мониторингот на работата на оваа правосудна институција.

Причина за ваквата драстичност, посочи Здравев е што со новиот Закон за судски совет се овозможи поголем пристап на јавноста во поднесување барања за утврдување одговорност на судии и претседатели на судови.

– Разрешени се еден претседател на Суд и тројца судии во постапки за утврдување на одговорност покренати во 2017 година, а разрешен е и еден судија во постапка покрената во 2018 година, изјави Здравев.

Во 2019 година, подвлече тој, е извршена евалуација на работата на судиите и претседателите на Судовите.

– Се спровдоа постапки и избор на тројца судии, од повисоките судови, 14 претседатели на Судови и 25 судии поротници, а се утврди престанок на функцијата на судија поротник на 33 судии-поротници, изјави Здравев.

Сите записници, подвлече тој, од одржани седници и одлуки се редовно објавени на веб страницата на Советот.

Судскиот совет, рече Здравев во текот на 2019 година одржал 35 седници, што е зголемување од 23 во 2018 година, и се должи на решеноста да се завршат постапките за утврдување одговорност на претседатели на судови и судии започнати претходните години.

Претседателката на Институтот за човекови права Маргарита Цаца Николовски, рече дека во рамки на проектот се следи работата на Советот во однос на отчетноста, транспарентноста, ефикасност и ефективност во работењето.

– Судскиот совет особено со новиот закон има голема улога во ефективно обезбедување независност и непристрасност на судството. Доколку Советот успее да ги оствари овие цели ќе го оправда своето постоење, изјави Николовска.

Укажа, дека голем дел од препораките и заклучоците утврдени во рамки на проектот во изминатиот период, биле вметнати во работата на Судскиот совет.

– За транспарентноста Судскиот совет сега е задолжен со новиот закон задолжително да ги објави записниците од седници и да го образложи гласањето за избор на судии и претседатели на судови. Но, образложението се практикува само за судии кои се избрани за претседател на суд или повисок суд, но и не за судии кои не се избрани, а имаат повисок број на бодови од избраните судии. Тоа се констатации на Институтот на кои немаме одговор, изјави Николовска.

Би можело да ве интересира

Дескоска: Да ги надминеме опасностите од епидемијата и успешно да ги имплементираме реформите во правосудството

Ана Ололовска

Здравев: Судството докажа дека може да одговори на секој предизвик

Ана Ололовска

Кривичен ќе суди само притворски и предмети поврзани со загрозување на здравјето на граѓаните

Ана Ололовска

Здружението на судска администрација го честита Денот на правосудството – 31 март

Ана Ололовска

Престануваат да течат роковите во судските постапки до завршувањето на вонредната состојба

А1он

Кривичен суд: Адвокатите да не манипулираат со јавноста во однос на условите за водење на судските расправи

Ана Ололовска