Судскиот совет ќе проверува дали Кацарска е инволвирана во „Империја“

Од:

Судскиот совет ќе одлучува за евентуалната инволвираност на судијката Добри Кацарска во предметот „Империја“, изјави денеска претседателот на Советот, Киро Здравев.

– На 31 јануари до судски совет е испратено барање од Добрила Кацарска за утврдување инволвираност во овој предмет. Ова е прв пат судија да бара покренување постапка за утврдување одговорност и ќе постапуваме по тоа, изјави Здравев, одговорајќи на новинарско прашање на денешната презентација на анализата за работата на Судскиот совет.

Кацарска побара од Советот да ги провери тврдењата на обвинителката Лиле Стојанова искажани на рошиште за случајот „Рекет“ дека судијката во време додека се одлучувало за притворот на Орце Камчев, цело време била во судот и вршела притисок преку колега обвинител.

На новинарско прашање за колку судии испратиле барања до Антикорупциска за проверка на имотот, Здравев посочи дека е неопходно да се сораборува, со оглед дека Советот може да постапува по отчетното и одговорно работење на судиите, додека Антикорупциска може да го испитува финанаискиот дел од работењето на судиите.

– Антикорупција се обрати со конкретни барања и очигледно ќе треба работата да се синхронизира, изјави Здравев.

Потсети дека тој се спротивставил на ветингот во судството за да не се најдеме во иста ситуација како соседна Албанија.

-Навистина подобро е да не постои судија, отколку корумпиран судија. Но, не треба ветингот да претатавува опатрукција на правдата. Да не не снајде ситуацијата со Албанија каде нема судии да постапуваат, кажа Здравев.

Прашан дали Судскиот совет ќе одлучува за одговорност на судиите за бегството на Горан Грујовски и Никола Бошковски, не прецизира, но потврди дека дека има поднесено барање за утврдување одговорност.

– За апелација е завршена и запрена постапката, а за врховен е во тек, изјави Здравев.

Би можело да ве интересира

Судскиот совет со препораки за судовите во услови на зголемена опасност од коронавирусот

Ана Ололовска

Судски совет не поведе постапка против Добрила Кацарска

Апелација одби да му го врати пасошот на Камчев во замена за гаранција од 3 милиони евра

Кристијан Ландов

Судскиот совет лани добил барања за утврдување одговорност на 131 судија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Камчев понудил над 3 милиони евра за да му го вратат пасошот поради бизнис обврски

Предраг Петровиќ

Здравев: Во оваа фаза од постапката не може да се повлече кандидатурата за член на Судскиот совет

Ана Ололовска