Судскиот совет изготви Акциски план за работни посети во судовите

Од:

Судскиот совет на Република Северна Македонија во рамките на своите законски надлежности за следење на работата на судиите и судовите, а во насока на зголемување на ефикасноста на судството изготви Акциски план за вршење на работни посети во судовите во Република Северна Македонија за 2020 година.

Акцискиот план, како што информираат од Судскиот совет, бил изготвен уште во март 2020 година, но поради настаната ситуација со вирусот Ковид – 19 работните посети биле прекинати и истите ќе подолжат наредните месеци.

-Работните групи составени од членови на Советот ќе извршат увид во работата на судиите, во однос на почитување на законските рокови за преземање на процесни дејствија, почитување на законските рокови за донесување, објавување и изготвување на одлуките, застарените предмети, состојбата со старите нерешени предмети и др. За констатираната состојба во судот ќе изготват извештај кој ќе го достават до Судскиот совет на Република Северна Македонија, се наведува во соопштението од СС.

Акцискиот план е објавен на Веб страната на Судскиот совет на Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Продолжува преписката меѓу Уставен и судиите: Судската независност не може да биде оправдување за непочитување на Уставот

Катерина Ѓуровски

Судиите му одговорија на Уставен: мора да се почитува самостојноста и независноста на редовните судови

Судскиот совет го избра Зоран Герасимовски за в.д. претседател на скопска Апелација

Мицкоски: Судството нема да добие повеќе средства додека не покаже резултати

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

Судскиот совет избра 68 нови судии, a разреши двајца