Судски совет за изјавата на Мицкоски: Судската власт е самостојна и независна, секое мешање носи сериозна опасност по демократијата

Од:

Судската власт е самостојна и независна. Секое мешање во судството и во судската власт носи со себе сериозна опасност по демократијата, правната сигурност и владеењето на правото, велат од Судскиот совет на најавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и иден мандатар Христијан Мицкоски дека нивна цел е да го распуштат Судскиот совет и самите судии и обвинители преку тајно гласање да ги избираат своите преставници во Советот.

– Судскиот совет не се впуштa во коментирање и оценка на предизборни програми и ветувања на која било политичка партија, затоа што тоа е крајно несоодветно. Единствено, Судскиот совет укажува дека судската власт како една од трите власти, а не трета власт, е самостојна и независна. Овој факт не го користиме како флоскула и одбранбен механизам. Мора да биде јасно и сите да бидат свесни дека секое мешање во судството и генерално во судската власт на кој било од носителите на другите две власти, носи со себе сериозна опасност за едно демократско општество, правната сигурност и владеењето на правото, како вредности, стандарди и врвни приоритети кон кои како држава се стремиме на патот кон ЕУ, велат од Судскиот совет.

Оттаму нагласуваат дека се свесни за состојбите во судството, за нивото на доверба и за се она што како недостиг се става на товар на судството.

– Критиките ги прифаќаме, меѓутоа, исто така убедени сме дека судството во Република Северна Македонија има капацитет да ги надмине состојбите без реформи и резови за кои никој не може однапред да ги предвиди ефектите кои ќе бидат предизвикани. Реформи заради реформи никому не му се потребни и истите само ќе ги вратат неколку чекори назад процесите и активностите кои Судскиот совет ги превзема во овој период, финансирани и со поддршка на меѓународната заедница преку проекти, а се во насока на подобрување на состојбите во судството и се во напредна фаза. Само тогаш кога политичарите кои доаѓаат и си заминуваат од власт, ќе сфатат дека судската власт е столбот кој останува и не е марионета, ниту инструмент за остварување на нечии интереси, граѓаните ќе добијат судство какво што заслужуваат, нагласуваат од Судскиот совет.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и иден мандатар Мицкоски вчера во обраќање на Самитот „Македонија2025“ рече дека главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиот совет и Советот на јавни обвинители и дека нивна цел е да ги распуштат оние кои довербата во правниот систем ја свеле на едноцифрена бројка проценти и наместо нив, самите судии и обвинители да си ги изберат своите претставници преку тајно гласање.

Мицкоски потенцира дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема намера ниту да поставува и предлага свои луѓе преку измени во законот, ниту има намера да се меша во овие две тела.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Застојот во борбата со корупцијата е поради Обвинителството, вели Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Со Рамковниот не беа најсреќни ниту Македонците ниту Албанците, но донесе мир и стабилност

Мицкоски: Кој ќе згреши ќе одговара, без разлика дали е во некоја политичка партија

Подобро на краток рок да ја платиме политичката цена, отколку граѓаните да ја плаќаат во континуитет, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Мицкоски ја враќа земјата 30 години нaзад со дискриминација и мајоризација, реагира ДУИ

Услугите се генератор на инфлацијата, зголемените плати и пензиите прават притисок врз побарувачката, вели премиерот

Катерина Ѓуровски