Судски совет ги усвои методологиите за оценување на работата на судиите

Од:

Судскиот совет на Република Северна Македонија ги усвои Методологија за оценување на работата на судија врз основа на исполнетост на квалитативните критериуми за судиското работење и Образец за оценување и бодување на исполнетост на квалитативните критериуми за работата на судијата, како и Методологијата за квалитативно оценување на претседателите на судовите и Образецот за квалитативно оценување на претседатели на судовите.

Како што е објавено на веб страната на Судскиот совет, на седницата одржана на 18-ти декември, усвоени се и Упатството за начинот на пресметување на ефективни работни часови, Програма за работа на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2021 година,како и Интерниот план за следење и оценување на работата на судовите, судиите и претседателите на судовите за период од 01.01.2021 додина до 31.12.2021 година.

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција промовирајќи ги 10-те приоритети на Владата за следната 2021 година, наречени „Акција 21“, како прв на листата го посочи прочистувањето на правосудството.

Говорејќи за моделот за прочистување или филтрација, посочи дека е во завршна фаза и дека на него работеле првенствено претставници на Судскиот совет, на Советот на јавни обвинители, со поддршка на академската јавност и дека токму тие ќе го усвојат моделот што сами го креираат и што ќе го спроведуваат.

-Ќе се ревидираат цели досиеја. Секој судија ќе биде оценуван. Ќе има листа на критериуми кои ќе се прегледуваат за сите судии: Како воделе постапка, како изведувале докази, како се сослушувани сведоци и особено во врска со одредени постапувања по предмети кои беа доведени до застареност со одлагање. Сите тие работи ќе ги поминува Судскиот совет или Советот на јавните обвинители и сето тоа во утврдена временска рамка и транспарентност, истакна Заев.

Најави дека ќе иницираат носење законски измени врз основа на кои Јавното обвинителство ќе мора редовно и постојано да ја информира јавноста за својата работа и за напредокот во предметите кои ги следат граѓаните и за коишто постои посебен јавен интерес.

Би можело да ве интересира

Судски совет донесе заклучок за продолжување на постапката за избор на двајца членови на Советот

Судски совет донесе одлука за пензионирање на двајца судии

Судски совет ги оспори пред Уставен суд законските измени со кои се стопираше зголемувањето на платите на судиите

Судски совет: Со интервенција во законот директно се влијае врз нормалното функционирање на судовите

Ѓорѓи Андонов и Тодор Поп Панев избрани за судии во Апелациониот суд Штип

Судскиот совет добил претставка и постапува по одлуката на Врховен суд за зградата на ССМ