Судската полиција немоќна против гужвите пред Граѓанскиот суд, граѓаните бараат документ за да добијат пари за трето дете

Од:

Судската полиција вложува максимални напори за да го одржи редот пред зградата но наидува на непослушност од граѓаните, тврдат од Граѓанскиот суд во Скопје, за гужвите, караниците и турканиците. Според Судот, полициските службеници неколку пати им укажувале на граѓаните да одржуваат дистанца, но не смееле да преземат други подрастични мерки, ниту пак, смеат да ги казнуваат.

„Припадниците на судската полиција во конкретниот случај вложуваат максимални напори за да се воспостави ред пред влезот на зградата и во делот од судската зграда каде се поднесуваат барањата. Не е дозволен влез во зградата без заштитна маска. Судската полиција превзема мерки со цел да се одржува потребната препорачана дистанца помеѓу граѓаните пред влезната врата на судот, укажувајќи им усмено за потребата да ги почитуваат мерките за заштита од вирусот, поставувајќи дури и метални обрачи, како би се избегнало групирање и поблизок контакт помеѓу граѓаните. Меѓутоа и покрај тоа, судската полиција се соочува  со непослушност и несоработување на самите граѓани. Судската полиција нема овластување да преземе други подрастични мерки, ниту пак има овластување за казнување и санкционирање на граѓаните кои не ги почитуваат мерките за заштита во делот на неодржување на препорачаната дистанца. Од тука произлегува дека судот и покрај тоа што ги превзема сите расположливи мерки, сепак и граѓаните кои се обраќаат во судот треба да имаат свест за последиците од непочитување на мерките препорачани од здравствените власти кои несомнено им се познати на сите граѓани“, велат од Граѓанскиот суд за „А1он“.

Оттаму велат дека гужвата настанала поради зголемен број на граѓани кои бараат да им се издаде уверение дека не им е одземено родителското право. Тој документ е потребен за да го остварат правото на додаток за трето дете, а барањата за него се поднесуваат лично.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски