Граѓаните си дишат во врат пред Граѓанскиот суд, гужви и турканици сред корона

Од:

Караници, гужви и турканици речиси цел ден има пред Граѓанскиот суд во Скопје. На граѓаните кои чекаа стуткани едни во други без дистанца, најважно им беше да си го зачуваат редот. Никој од нив, не размислуваше на можноста да се заразат од коронавирусот. Пред судот, немаше ниту редар. Дел од луѓето кои беа во редот, се расправаа меѓусебно поради долгото време на чекање.

Со турканиците пред зградата, прекршен е протоколот донесен од Здружението на судиите пред околу два месеци. Според него, при влезот во судската зграда задолжително е држењето на растојание кое мора да изнесува најмалку два метра, мерка која не е испочитувана.

Чекањето пред судските згради е мерка која ја донесе Судскиот совет во март, минатата година. Целта беше да се намали ризикот од пренесување на вирусот меѓу удиите, судската служба, странките и другите учесници во постапката. Па затоа, судската полиција е задолжена да го контролира влегувањето во судот за да не се создава гужва пред шалтерите, односно дозволен е влез на странки, се додека меѓу нив може да се одржува дистанца.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска