А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Судот протера двајца Срби кои шверцувале цигари во Македонија

by А1он10/10/2025 - 12:5558
Share0

Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда врз основа на поднесена предлог спогодба од Основното јавно обвинителство Скопје против двајца државјани на Република Србија за кривично дело – Криумчарење.

Добивај вести на вибер

„Двајцата осомничени, на 1 октомври, преку граничниот премин „Блаце“ влегле во земјава, избегнувајќи ја царинската контрола и пренеле непријавена акцизна стока – вкупно 2300 штеки од по 10 кутии цигари со косовски бандероли во вкупна вредност од 3.220.000 денари.

Цигарите ги пренеле во товарно возило во сопственост на правно лице од Србија, скриени во импровизирани бункери во приколката и ја избегнале царинската контрола. Цигарите биле откриени од полициски службеници кои го забележале камионот и го контролирале на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, додека во истото возило биле товарани цигари со македонски бандероли.

Согласно постигнатата спогодба која е потврдена од Судот, на обвинетите им е изречена парична казна од по 4.000 евра за секој, која се задолжени да ја платат веднаш и им е изречена казна протерување од земјата во времетраење од пет години.

Дополнително се одземени сите криумчарени цигари, камионот со приколка, 1.300 евра кои ги имале кај нив во моментот на сторување на делото и два мобилни телефони.

cigarikriumcarenjesvercsverc so cigari

Би можело да ве интересира

Цариниците спречија шверц на 50.000 цигари

А1он08/12/2025 - 15:3008/12/2025 - 15:34

Тројца Грци уапсени на „Стар Дојран“, шверцувале муниција

Катерина Ѓуровски29/11/2025 - 11:23

Србин преку „Табановце“ се обиде да пренесе 130 кг. марихуана сокриена во 14 патнички торби

Горан Наумовски31/10/2025 - 08:2431/10/2025 - 08:25

ЕУ планира да ги забрани електронските цигари и цигарите со филтер

Горан Наумовски14/10/2025 - 17:07

Македонско-бугарска банда кримчарела луксузни автомобили во земјава

Катерина Ѓуровски12/10/2025 - 10:3412/10/2025 - 11:13

(ВИДЕО) Огромна нелегална фабрика откриена во Италија, произведувале 7 милиони цигари дневно

А1он27/09/2025 - 17:17
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен