Судот пред две недели издал наредба за апсење на Фазлиу

Од:

На Министерството за внатрешни работи му требало речиси две недели да ја спроведе наредбата на Основен суд Скопје 1 – Скопје и да го уапси внукот на Рафиз Алити, Арменд Фазлиу, кој наводно денеска е однесен во затворот во Шуто Оризари за отслужување на казна како одговорен за пожарот во дирекцијата на „Македонски пошти“.

Од судот информираат дека пред да биде издадена наредба за негово спроведување во затвор, биле исцрпени сите законски можности кои му престоеле на Фазлиу да ја избегне затворската казна. Од таму додаваат дека немаат добиено официјална потврда за неговото апсење затоа што во пракса потврдата „ја доставува затворската устанува каде истиот се упатува на издржување.“

„Откако лицето ги има исцрпено сите законски можности за одлагање на извршување на затворската казна, односно откако на 10.02.2015 му е издаден упатен акт , обвинетиот на 17.02.2015 поднел молба за одлагање за извршување на казната затвор до судија за извршување санкции при Основниот суд Скопје 1 – Скопје. Со решение од 19.05.2015 година судијата му ја отфрлил молбата на што истиот се жалел до Кривичниот совет на овој суд . На 13.07.2015 година советот ја одбил жалбата како неоснована со што решението на судијата за извршување санкции се потврдува. Откако се завршени сите законски можности и рокови, на 04.09.2015 година судијата за извршување санкции издал наредба до МВР за спроведување на лицето на издржување на казната“, информираат од судот.

Во март 2014 година судот му одреди на Фазлиу затворска казна во траење од две години како одговорен за избивањето на пожарот кој предизвика материјална штета од 100.000 евра. Во ноември истата година Апелациониот суд ја преиначи казната во 1 година и 6 месеци, при што во казната му се засметува и времето поминато во притвор од околу 4 месеци.

Би можело да ве интересира

МВР: Пронајдено е детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот

(ВИДЕО) МВР: Претрес во дом кај двајца полициски службеници, пронајдено е оружје

Полицаец оставил куче затворено во кола час и половина, умрело: Поднесена му е кривична за убивање и мачење животни

Катерина Ѓуровски

МВР: Граѓаните да не наседнуваат на измами со лажни сообраќајки, веднаш да пријават во полиција

Горан Наумовски

Отворена оперативна акција „Пожар 2024“: Целосна мобилизација на МВР во спречување и справување со пожарите

Кривична пријава за 36-годишник за обид за убиство на градоначалникот на Арачиново