На поранешниот началник на Петтата управа, Горан Грујевски му е одземен пасошот.
Судија на претходна постапка го одби предлогот на Специјалното обвинителство, кое бараше притвор за Грујевски, наместо тоа му е одземена патната исправа. Горан Грујевски е осомничен во случајот „Тврдина“, дека го организирал уништувањето на опремата за прислушување во МВР. Освен него, во случајот Тврдина, осомничена е и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и уште три лица вработени во МВР.
Грујевски и Јанкуловска денеска беа на распит во Кривичниот суд во Скопје.