Судот одлучува дали ќе се слушаат преостанатите 14 „бомби“ за „Траекторија“

Од:

Исцрпена е листата на аудио разговори што СЈО ги предложи да се преслушуваат во судница како докази во постапката за предметот „Траекторија“.

На рочиштето во Кривичен суд не беа пуштени 14 „бомби“ на барање на СЈО, на што се спротивставува одбраната. Обвинителката Лиле Стефановска појасни дека во 14-те разговори кои побарала да се повлечат, а адвокатите одбиваат, имало приватни разговори, разговори кои се воделе на друг јазик, разговори кои не се транскриптирани и не се однесуваат за овој предмет.

Одбраната одбива да се повлечат спорните бомби на СЈО и бара да бидат пуштени, но без присуство на јавноста. За два разговора одбраната смета дека се од државен интерес бидејќи се помеѓу двајца министри.

По репликите меѓу обвинителката и адвокатите дадена е пауза за судот да реши дали ќе бидат преслушани и „спорните“ 14 бомби.

Судењето за „Траекторија“ по двомесечена пауза продолжи денеска со слушање на преостанатите од вкупно прелдожените 315 „бомби“ на СЈО.

Во аудио материјалите што денеска беа пуштени можеше да се слушна како поранешниот премиер Никола Груевски бара од поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески во изградбата на патиштата да се вклучи Љубисав Ивановн – Ѕинго.

Во друг разговор се слуша поранешниот министер за траспорт и врски Миле Јанакиески како договара патување во Кина за група од пет луѓе вклучувајќи го и него. Со амабасадорот Оливер Шамбевски разговара за агендата во Кина, за договорени средби со претседателите на „Синохидро”, „Ексим банка”.

Во „Траекторија“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на ЈП Државни патишта Љупчо Георгиевски. Според СЈО, тие во 2012/2013 година ги пречекориле своите овластувања во постапката за избор на компанија за изградба на автопатските делници до Штип и Охрид и нанеле штета на Буџетот на државата од најмалку 155 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Груевски, Јанакески и Пешевски нема да одговараат за „Траекторија“

Судењето за „Траекторија“ одложено до назначување на нов судија

Нови рочишта за „ТНТ“ и „Траекторија“

Ана Ололовска

На Груевски и понатаму ќе му се суди за „Траекторија“

Нови рочишта за „Ласкарци“, „Монструм“ и „Траекторија“

Ана Ололовска

Судење за „Траекторија“: Вешто лице тврди дека се направени некои грешки во вештачењето

Ана Ололовска