Судот одлучи: Насилен татко од Кисела Вода е избркан од семејниот дом откако со нож му се закануваше на синот

Од:

Изречена e итна мерка за отстранување од дом на насилник од Скопје поради извршено семејно насилство, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

– Вчера од страна на Единицата за насилен криминал при Секторот за внатрешни работи – Скопје е поднесено барање до скопскиот Основен граѓански суд за итна мерка за отстранување од дом за Љ.Б., 68-годишен скопјанец, поради извршено семејно насилство. На 9 март во 22 часот во градот, полициски службеници го уапсија Љ.Б., постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода, упатуваше закани со остар предмет кон неговиот 35-годишен син, информираа од МВР.

Од страна на Судот, изготвено е решение со кое на Љ.Б., како сторител на семејно насилство, му се изрекува итна мерка за заштита од семејно насилство – отстранување од домот во времетраење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

Сељами: Институционални пропусти кај семејното насилство – неопходна е итна реакција и без формална пријава

Приведени двајца кавадарчани, едниот го нападнал татко му, другиот поранешната сопруга

Катерина Ѓуровски

Пријави за семејно насилство во Крива Паланка, Куманово, Прилеп и Тетово

А1он

Го удирал со тупаници и клоци 10-годишниот син, охриѓанец осомничен за семејно насилство

Катерина Ѓуровски

Кумановец ја претепал сопругата – и скршил три ребра

Тошковски: Имаме раст на пријави за семејно насилство, жртвите сè повеќе се охрабруваат и пријавуваат