ВИДЕО: Судот не дозволи увид во мобилните и компјутерите на Саздовски и обвинетите за неговото убиство

Од:

Судечкиот совет кој го води случајот за убиството на 20-годишниот Никола Саздовски, на чело со претседателката Даниела Алексовска го одби барањето на адвокатот на семејството на Саздовски, Ванчо Шехтански, да се обезбедат дополнителни докази од одделението за дигитална форензика во МВР, односно увид во компјутерските системи и мобилните уреди на починатиот Никола Саздовски и обвинетите Бесир Беља, Скендер Демири и Јетон Љужа.

Како образложение за оваа одлука судот наведе дека фазата во која се наоѓа кривичната постапка не дозволува прибавување на вакви дополнителни докази.

Судењето продолжи со репродукција на видео-снимките од препознавањето на сторителите, поднесени како доказ од страна на обвинителот Фидовски.

Јавноста беше исклучена од рочиштето бидејќи на снимките се појавува малолетната девојка на Никола Саздовски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Одреден притвор за полициските службеници поврзани со пожарот во диското во Кочани

Предраг Петровиќ

Судот нареди итна забрана за контролата на Маск врз американските платежни системи

Горан Наумовски

Ранета паднав на подот од училницата, убиецот беше мирен: Сведоштво на наставничката по историја од „Рибникар“

Предраг Петровиќ

Нападнат судски полицаец од Основниот граѓански суд во Скопје

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува