Судот контра Зврлевски и Аневски, пресуди во корист на 11 обвинители

Од:

Основниот суд Скопје 2, донесе пресуди со која се усвојуваат тужбите на 11 обвинители, кои се спротивставија на желбата на Советот на јавни обвинители да ги пензионира незаконски.

Судот, според информациите на А1он, ги поништи одлуките на Советот на јавни обвинители, кој со погрешна примена на Законот им нанел штета на обвинителите.

Основниот суд Скопје 2 цени дека одлуките на Советот, раководен од Петре Аневски, а во кој седи и Републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски, се незаконски.. На еден од обвинителите од Републичкото јавно обвинителство, за кој А1он веќе пишуваше, Советот, согласно Законот еднаш веќе му одобрил продолжување од една година, а наредната година му го ускратил тоа право.

Што е уште почудно решенијата за пензионирање, Советот ги засновал врз член 66 став 1 од Законот за Јавно обвинителство кој е укинат од Уставниот суд уште во 2009 година..Ова покажува дека институцијата која ги избира и оценува обвинителите носи одлуки според непостоечки членови од Законот.

Дел од членовите на Советот се оглуши и на ставот на Законодавно правната комисија која посочи дека доколку со посебен материјален закон прашањето не е уредено поинаку, тогаш условите за престанок на функцијата на избраните лица е според Законот за работни односи.

Според член 5, од измените и дополнувањата на Законот за работни односи, се дозволува продолжување на работниот однос најмногу до 67 години за мажи, а 65 за жени.

Извори од судството за А1 он велат дека Петре Аневски и Марко Зврлевски се обидуваат да притискаат во Апелација која ќе одлучува по жалбите на пресудите.

Дали управните судии, како колегите од Основниот суд два Скопје ќе покажат непристрасност во постапувањето за што дале заклетва, и ќе ги уважат тужбите за незаконското разрешување на обвинителите?

Т.Ц.

Би можело да ве интересира

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај