Судот ќе одлучи: Ќе забрани или не лекарите да штрајкуваат

Од:

Во рацете на Основниот суд е одлуката дали ќе забрани на лекарите да штрајкуваат.

Судот денеска ќе го соопшти ставот по тужбата поднесена од Министервото за здравство против Самостојниот синдикат на Клинички центар.

Министертвото бара се донесе привремена мерка за забрана на штрајкот, закажан за 24-ти септември, затоа што според нив , бил незаконски и не биле исполнети сите услови.

По вчерашното прво рочиште претседателот на Самостојниот синдикат д-р. Дејан Ставриќ изјави дека ќе ја почитуваат одлуката на судот каква и да е но тоа нема да значи дека нема да донесат нова одлука за штрајк доколку не успеат преговорите со министертвото.

Самостојниот синдикат на клиничкиот центар се повикуваше на Уставот, каде што им е загарантирано правото на штрајк.

Лекарите се незадоволни од новите правила за плаќањето по учинок.

Во меѓувреме беше формиран и паралелен синдикат, кој не се согласува со штрајк, а гранковиот синдикат соопшти дека го пофржуваат штрајкот, но би штрајкувале само за време на паузи.

Би можело да ве интересира

Со Водичите, поставаме пат по кој полесно ќе се движат идните генерации лекари

Горан Наумовски

Повеќе од 160 медицински работници од Газа остануваат во израелските затвори

Се степаа двајца лекари во операциона сала во штипската болница

А1он

Медиуми: Генералниот штрајк во Србија не успеа, се работи како и обично

Брнабиќ за штрајкот на N1: „Богови на манипулацијата“

А1он

Вучиќ за генералниот штрајк: Има многу лудаци во Србија

А1он