Судот го забрани лекарскиот штрајк

Од:

Штрајкот на лекарите е времено забранет, откако тоа во Основниот суд Скопје 2 вчера го побара министерот за здравство.

Неофицијално, на ваква одлука се одлучил судот поради тоа што синдикатот не навел под кои услови и како ќе се одвива штрајкот. Искористена е и контрадикторноста во законот за работни односи во кои се вели дека штрајк не смее да има до завршување на помирувањето меѓу двете страни, но и дека помирувањето не го одлага штрајкот.

Доколку се потврди оваа одлука, тогаш судот по кој знае кој пат ќе ја покаже својата зависност од политиката, со оглед дека правото на штрајк е загарантирано со Уставот. Ваква одлука и вчерашното барање на министерот од судот да го спречи штрајкот покажува дека и анкетата на министерството за здравство со која се тврдеше дека лекарите ги поддржуваат новите мерки, меѓу кои и учинокот, не била воопшто точна.

Би можело да ве интересира

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем

Мицкоски: Не може да се пишуваат дежурства од 31 ден во февруари со 24 часа работни, а да очекуваме вложувања во здравството

Лекари од странство ќе ни помагаат преку телемедицина

Специјалистите ќе може да продолжат со работа до 70-годишна возраст

Тројца доктори вратиле 25 илјади евра во буџетот, им биле натплатени