А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Судот го примил поднесокот за повлекување на предлогот за забрана на филмот „Ругање со Христос“

by А1он09/10/2018 - 10:51206
Share0

Основниот суд Скопје 2 соопшти дека вчера од Државното правобранителство на Република Македонија му е доставен поднесок за повлекување на предлогот за изрекување привремена мерка за забрана за прикажување на „Ругање со Христос” – дебитантски игран филм по сценарио и режија на Јани Бојаџи.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Поради поголемата заинтересираност на медиумите во врска со предметот ВПП – 250/18, ве известуваме дека на ден 8 октомври 2018 година до Основниот суд Скопје II Скопје, доставен е поднесок од страна на Државно правобранителство на Република Македонија за повлекување на предлогот за изрекување на привремена мерка, соопшти денеска Судот, откако Државниот правобранител во неделата најави дека предлогот ќе биде повлечен.

Од Државното правобранителство за МИА завчера соопштија дека решението е донесено по направени дополнителни и целосни согледувања и правни анализи.

– По информацијата дека филмот веќе се емитува, констатирано е дека по однос на барањето нема веќе правна основа. Согласно ингеренциите, постапувањето на Државниот правобранител ќе биде насочено единствено кон заштита на имотните права на Република Македонија поврзани со исплатите на надоместот за филмот од Буџетот на Република Македонија, наведоа од Правобранителството.

Следете a1on на Youtube YouTube

Македонската премиера на филмот беше во петокот во кино „Милениум“, а наредниот ден режисерот Бојаџи на прес-конференција ја повика Владата да го остави филмот да заработува и да се прикажува низ Македонија.

– Ја веќе не сум важен и на филмот му посакувам добра среќа и да се сретнеме сите некаде пак. Важно беше да се случи таа премиера за да се отвори портата и да паднат сите маски. Тука јас завршувам, еве го филмот. Ако отвора општествени дискусии, мене ќе ми биде драго да се разговара, рече Бојаџи.

Филмот освои награда на фестивалот во Монтреал, каде што беше светската премиера, а во Македонија до петокот не беше прикажан и беше достапен само трејлерот. Пред еден месец предизвика внимание во јавноста по оценката од Министерството за култура дека е „скандалозен и контроверзен, дека тенденциозно игра со историјата и му наштетува на соживотот“.

Пред проекцијата во „Милениум“ Бојаџи рече дека неговиот филм не се занимава со вистината, туку со приказна. Кажа дека во изминатите два месеца добивал прашања дали е филмот снимен според вистина и одговори дека со прашањето дали филмот треба да се занимава со вистина престанал да се занимава пред дваесетина години, уште додека студирал.

– Особено да се занимаваме со вистината во кинематографијата е бесмислено кога толку лаги има наоколу. Значи, овој филм не се занимава со вистина, туку со приказна, рече Бојаџи.

Филмот е нискобуџетен, снимен со 280.000 евра, осум недели во Македонија, Грција и Франција и има интернационална екипа.

obvinitelstvo

Би можело да ве интересира

Власта ги прелажа вработените во обвинителствата, предложен е закон кој не е по мерка на јавнообвинителска служба

Горан Наумовски12/06/2026 - 12:5912/06/2026 - 13:03

Наташа Крстева Цалева останува вршител на функцијата Виш јавен обвинител во Скопје

Горан Наумовски11/06/2026 - 13:15

Обвинителството бара притвор за Богоев и за тројцата вмешани во аферата „Царина“

Горан Наумовски03/06/2026 - 14:2603/06/2026 - 14:43

Обвинителство: Возач под дејство на дрога предизвика сообраќајка кај „Пластичарска улица“

Горан Наумовски30/05/2026 - 21:52

Обвинителството започна истрага за Претседател на суд и Судски администратор

Горан Наумовски14/05/2026 - 16:20

Обвинителството бара притвор за осомничен кој изврши полови дејствија врз малолетни девојчиња во Штип

Горан Наумовски13/05/2026 - 14:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто