Судот бара доказ од вештакот, дали Боки 13 должи на „Систина“

Од:

Бојан Јовановски не присуствуваше на второто рочиште во Граѓанскиот суд каде е тужен од страна на болницата „Систина“ за долг од 10 илјади и 300 евра. Тој за време на судењето, беше во Обвинителството за организиран криминал каде даваше исказ за случајот поврзан со работењето на Меѓународниот сојуз. Рочиштето беше одложено по барање на судот, откако судијката Лилјана Зафировска-Петреска побара вештакот да го дополни наодот.

Вештакот Елизабета Дамеска-Јовановска кој го најми болницата „Систина“ кажа дека се анализирале документи со кои „Систина“ барала да и се платат парите кои Бојан Јовановски ги должи.

„Тужениот ја примил спорната фактура од 11.04.2019 година во износ од 634.251 денар. Како потврда дали здравствените услуги се извршени, направив увид во медицинското досие на тужениот. По анализа на документацијата констстирав дека од страна на тужениот е побарана здравствената услуга од тужителот и таa е извршена. Согласно ова, тужителот побарува од тужениот 634.251 денар кои до денот на изгорвувањето на вештањето, не беа платени“, рече вештакот Дамеска-Јовановска.

Вештото лице на прашање од судот рече дека не била во просториите на „Систина“, а медицинската документација и фактурите, и биле достсвени по електронска пошта. Судот побара од вештото лице да го дополни наодот бидејќи е нецелосен и да изврши увид во сметководствено-финансиската документација на „Систина” за да одговори на прашањето „Дали во сметководството е евидентиран неплатен долг од страна на тужениот, дали можеби е платен делумно или воопшто не е платен“.

Судот му даде рок од 30-дена на вештакот да направи увид во „Систина“, по што, следното рочиште го закажа за февруари идната година.

Побарувањето на болницата „Систина“ против неформалниот сопственик на „1 ТВ“ и обвинет, Бојан Јовановски е затоа што направил хируршка интервенција во болницата, примил фактура во април годинава, но не ја платил, а вложил и приговор на нотарскиот налог, по што предметот заврши на суд.

Боки 13 е обвинет заедно со Катица Јанева и Зоран Милевски во предметот „Рекет” на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Пред скопска Апелација Јовановски се жалеше дека животот му е во опасност поради интервенцијата во „Систина“. Тој беше пренесен и во градската болница „Осми септември” поради болки и нагон за повраќање.

Би можело да ве интересира

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење

Одбраната на Боки 13 бара укинување на пресудата за „Меѓународен сојуз“

Бојан Јовановски: Со оваа здравствена состојба не можам да бидам во затвор

Боки-13: Прво селфи во слобода по четири години затвор

Горан Наумовски

Боки 13 пуштен на слобода: Затворската казна во прекин поради лошата здравствена состојба

Александар Тодески

„Орка Холдинг“ на Орце Камчев ќе го презема целосно „Жито Полог“

Орце Костов