Судијката Петровска потврди: СЈО треба да ги добие снимките кои Михајлова не ги дава

Од:

Денешното рочиште за случајот „Тврдина 2“ кој Специјалното јавно обвинителство го отвори за тоа кој и на каков начин прислушувал во Македонија не беше снимано со камера како што е предвидено според закон.

Судечкиот судија, Лидија Петровска образложи дека таа камера е единствена камера на судот па морале да ја дадат на судењето за случајот „Монструм“.

Кога одбраната побара увид во документите за декласификација кои СЈО ги има добиено од министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, Петровска кажа дека при увидот ќе го достави видео записот од тоа рочиште, што го побива твредењето на нејзината колешка Татијана Михајлова дека снимките од камерите на судот се за интерна употреба и не смејат да се дадат на увид.

Инаку, Михајлова веќе неколку месеци одбива да ги даде видео записите од првото рочиште за случајот на СЈО „Шамари во Општина Центар“, во кој првообвинет е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Барањето на видео записите на увид, што е предвидено со закон беше причина Михајлова да ги казни обвинителките Катица Јанева и Фатиме Фетаи со по 2.000 евра наводно, бидејќи не го почитувале судот.

– Интелектуалниот фалсификат кој што е направен од страна на судечкиот судија има своја соодветна кривично-правна норма која е предвидена со кривичниот законик која што го санкционира ваквото поведение, а впрочем за ваквото поведение се предвидени и други постапки, рече тогаш Фетаи.

Јанева тогаш кажа дека ако Михајлова продолжи со таквото однесување, тие имаат механизми кои ќе ги употребат.

Судијката Татијана Михајлова која одбива да ги достави видео записите до СЈО е позната и по тоа што во краткиот рок додека беше в.д. претседател на Основниот суд Скопје 1 направи хаотично прераспоредување на судиите, по што голем број од нив поднесоа жалби до Врховниот суд, а таа си поднесе неотповиклива оставка.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов