Судијката која го судеше Заев за „Поткуп“ ќе ја суди сообраќајката кај Ласкарци

Од:

Во Кривичниот суд во Скопје на 5 септември треба да се одржи првото судско рочиште за сообраќјаната несреќа која што се случи кај Ласкарци.

Предметот ќе го суди судијата Диана Груевска Илиевска, која кратко време го судеше премиерот Зоран Заев за предметот „Поткуп“. Груевска Илиевска му беше заменичка на експретседателот на судот, Владимир Панчевски.

Скопското обвинителство поднесе обвинение против сопственикот на „Дурмо турс“ и еден вработен во фирмата, против возачот на автобусот и уште против три лица вработени во станицата за технички преглед.

Сите се обвинети за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот кои резултираа со тешката сообраќајна несреќа на автобусот на „Дурмо турс“ на 13 февруари во која 16 лица загинаа, а вкупно 38 патници беа тешко повредени.

Би можело да ве интересира

ЗНМ со поддршка кон колешката од МИА Ангела Рајчевска

Новинарка на МИА вербално нападната од обвинетиот Горан Дуковски во случајот „Ласкарци“

Само во судството на СДС и ДУИ првообвинетиот добива најмала, а шестообвинетиот најголема казна реагира ВМРО-ДПМНЕ

Обвинителот во „Ласкарци“ најави преиспитување на казните

Пресуда за „Ласкарци“: 14 години затвор за возачот на автобусот, сопственикот на „Дурмо Турс“ доби најблага казна од сите обвинети

Александар Тодески

Во Кривичен објава на пресудата за „Ласкарци“