Судијата Иван Џолев бара дисквалификација на Владимир Панчевски

Од:

Судијата Иван Џолев бара Судскиот совет да донесе одлука за дискфалификација на Владимир Панчевски во трката за прв човек на Основниот суд Скопје 1.

Тој во допис наведува дека Советот е должен да го направи тоа, со оглед дека Владимир Панчевски не ги поседува потребните квалификации. Според законот, претседател на суд се избира од редот на тие кои во изминатите две години имаат највисоки оценки и имаат најголем број бодови.

Џолев наведува дека за време на распишување на конкурсот, како што е и пропишано, Панчевски не ги поседувал потрбните квалификации за да се кандидира за претседател на суд бидејќи последната изречена оценка од Судскиот совет за Панчевски за 2014 година е 3-ка.

Токму поради оваа законска пречка, Судскиот совет, на чело со Зоран Караџовски направија преседан за да го одржат Владимир Панчевски во трката-извршија вонредно оценување и на Панчевски му дадоа на тајна седница висока оценка.

Но и со ова пријателско-партиско пумпање на рејтнгот , повторно станува законската основа дека Владимир Панчевски корал да има висока оцена на денот на распишување на конкурсот, а не после тоа.

На Панчевски, противкандидат за фотелјата во скопска единица му е колегата Иван Џолев. Инаку додека Панчевски раководеше со Кривичен, судот го тресеа низа скандали и нарушени меѓучовечки односи. Екс претседателот на Кривичен беше актуелен во јавноста и со дивоградбата која изгради во строгиот центар.

Судијата Иван Џолев, кој важи за главен претендент за претседател на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, во четвртокот поднел претставка до Судскиот совет на РМ.

Судијата Џолев реагираше претходно за поправањето на „тројката” којашто истиот Совет пред две години му ја додели на кандидатот Владимир Панчевски. Џолев реагираше дека Судскиот совет извршил преоценување со цел на Панчевски да му се поправи оценката и така да го одржи во трката за претседател на скопска „единица”.

Би можело да ве интересира

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители

Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани Владата да бара во сопствените редови

Хисени: Признавањето вина од Мемети и од Георгиев – горчлив доказ за понатамошното намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Во Обвинителството и судството парите од буџетот за нови вработувања ги пренаменувале за плати велат од Финасии

Судскиот совет ја отфрли Иницијативата од ДКСК за одговорност на членови од Управниот одбор на АСЈО