Судијата Билевски го тужи Антонијо Милошоски за клевета и навреда

Од:

На 13 септември во Основниот граѓански суд во Скопје пред судијата Нухи Рустеми треба да се појават поранешниот кичевски судија, Драги Билевски, во својство на тужител, и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, како тужен во тужбата за клевета и навреда, потврдија од судот за „А1 он“.

Судијата Драги Билевски за „А1 он“ рече дека го тужи Милошоски за клевета и навреда изречени во емисија на национална телевизија бијдеќи рекол дека судијата бил прогласен за кодош.

„Ќе бидам на закажаното рочиште“, одговори кусо Милошоски за „А1 он“.

Билевски беше разрешен пред неговото пензионирање поради нзаконската постапка за лустрација, но го доби спорот против државата пред меѓународниот суд за човекови права во Стразбур.

За лустрацијата на кичевскиот судија, СЈО отвори предмет „Моќник“ против Антонијо Милошоски и уште 12 лица. Првиот човек на тогашната комисијата за лустрација, Томе Аџиев, е осомничен дека делото го сторил под влијание на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, кој сакал да му се одмазди на Билевски.

Судот во Стразбур наведе дека Билески бил лустриран иако немал досие во архивите на УБК и не му била озоможена одбрана.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела