Судија разрешен поради нестручно и несовесно вршење на функцијата

Од:

Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 357-та седница одржана денеска во постапките за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд донесе одлука со која е утврдено нестручно и несовесно вршење на судската функција, одлука со која е изречена дисциплинска мерка писмена опомена и одлука со којa е разрешен судија од вршење на судиската функција.

Во соопштението од Судскиот совет не се именува конкретниот судија, а не се соопштуваат ни детали за тоа на кој тој начин постапил несовесно. Во образложението на одлуката се вели дека причината за разрешувањето е „нестручно и несовесно вршење на судиската функција, како и дека истовремено е донесена одлука за времено оддалечување на судијата од вршење на судиската функција до правосилно завршување на постапката.“

Како што е наведено во известувањето објавено на веб-страницата на Судскиот совет, формирани се комисии на известувачи по поднесените барања за поведување постапка за утврдување одговорност на судија/претседател на суд.

На седницата по едно барање за утврдување одговорност на судија/претседател на суд е продолжена постапката, донесена е одлука и за престанок на функцијата на судии поротници на Основен суд Прилеп и за избор на судии поротници на Основен суд Прилеп, а разгледани се и извештаите на комисиите во повторените постапки по повод конечна пресуда на Европскиот суд за човекови права во Стразбур и Советот одлучи комисиите да ги доработат извештаите по дадените насоки.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Продолжува преписката меѓу Уставен и судиите: Судската независност не може да биде оправдување за непочитување на Уставот

Катерина Ѓуровски

Судиите му одговорија на Уставен: мора да се почитува самостојноста и независноста на редовните судови

Судскиот совет го избра Зоран Герасимовски за в.д. претседател на скопска Апелација

Мицкоски: Судството нема да добие повеќе средства додека не покаже резултати

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад