А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Виктор Јованов
Македонија

Судиите поротници бараат по 500 денари од судење, во спротивно најавија штрајк

by Виктор Јованов04/10/2017 - 11:5104/10/2017 - 12:07213
Share0

Судиите-поротници бараат зголемување на износот што го добиваат за едно судење, односно по 500 денари од судење. Доколку овој услов не им биде исполнет тие најавија штрајк.

Добивај вести на вибер

Членовите на советот се изјаснија дека критериумите за избор на судија-поротник се превисоки и поради недостигот се одлагаат судења. Судскиот совет на денешната седница расправа за итноста од решавање на ова прашање.

Претседателот на Судскиот совет Зоран Караџоски закажа итна седница со министрите за финансии и за правда за решавање на ова прашање.

Според Правилникот за надоместоците на судиите поротници, донесен за време на министерувањето на Михајло Маневски од 2010 година, а кој го замени претходниот Правилник од 1997 година, надоместокот за вршење на работите на судија-поротник во основните судови со основна надлежност изнесува 125 денари, во основните судови со проширена надлежност се 200 денари, исто колку и во апелациските судови.

За некој да биде избран за судија-поротник, треба да има завршено високо образование, да ужива углед во средината и да не е постар од 64 години. Доколку поротникот биде избран, тој се распоредува да постапува со судии во граѓанските, кривичните и стопанските предмети каде што судат во Совет од судија и двајца поротници или двајца судии и тројца поротници во кривичните предмети каде што се предвидени високи затворски казни.

Гласот на судиите поротници на гласањето е исто важен како и тој на судијата или судиите, па не често, но има ситуации каде што гласовите на поротниците се одлучувачки за казните.

Советот избра само 3 судии поротници од 8 кандидати кои се пријавиле за Основниот суд во Кичево за 20 места. Само 3
кандидати положиле психолошки тест, а останатите се откажале поради трошоци за тестовите.

karadzovskisudski sovet

Би можело да ве интересира

Камбовски за случајот со казнетата новинарка Вејсели: Постапка е сè уште во тек, Судскиот совет ќе интервенира ако процени дека е потребно

Катерина Ѓуровски03/02/2026 - 14:24

Судски совет разгледува предмети во кои постапувал апелацискиот судија Ѓоко Ристов

Катерина Ѓуровски03/02/2026 - 13:43

Има пропусти во пресудата за Ремзи Мифтари во случајот „Дурмо турс“, тврди Судскиот совет

А1он28/01/2026 - 15:45

Одземен му е имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, Судски Совет ја одобри мерката куќен притвор

А1он20/01/2026 - 16:55

Судскиот совет одлучува за одземање на имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

А1он20/01/2026 - 15:18

Новоизбраните членки на Судскиот совет дадоа свечена изјава

Катерина Ѓуровски15/01/2026 - 11:44
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен