Судиите Гошева и Јосифовски да поднесат оставки поради конфликт на интереси

Од:

Партиските послушници на Никола Груевски во Уставниот суд немаат морален ниту правен кредибилитет да одлучуваат непристрасно и законски туку само конфликт на интереси поради партиска поврзаност со ВМРО-ДПМНЕ, соопштуваат од СДСМ.

Ќерката на Елена Гошева, Слободанка, е директорка за регулатива и големопродажба во Телеком, кадешто главен извршен директор е кумашинот на Сашо Мијаков, Жарко Луковски.

Слободанка Гиевска односно Гошева била потпретседателка на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ, УМС.

Сопругот на Слободанка е Игор Гиевски, поранешен претседател на УМС на ВМРО- ДПМНЕ, сега член на Управниот одбор на ЕВН, именуван од владата.

Нејзиниот татко, односно сопругот на Елена Гошевска, Ѓорѓи Гошев, бил поранешен директор на Студентскиот центар, назначен од ВМРО-ДПМНЕ.

Другара ќерка на Елена Гошева, Бојсна Гошева, работи во Агенција за електронски комуникации.

Но овде не застануваат партиските инсталации на ВМРО-ДПМНЕ во Уставниот суд.

Јован Јосифовски и неговото семејство се исто така тесно поврзани со ВМРО-ДПМНЕ.

Од 2006-та до 2011 година Јосифовски бил претседател а и член на Државната изборна комисија предложен од ВМРО-ДПМНЕ. Како член на ДИК, Јосифовски учествувал во избори што се предмет на кривично-правна истрага за изборни нерегуларности.

За Уставен судија, Јосифовски е предложен од Илија Димовски, односно од ВМРО-ДПМНЕ и во отсуство на пратениците од опозицијата е избран во 2012 година.

Дополнително, синот на судијата Јован Јосифовски, Борис, е генерален секретар во Кабинетот на Ѓорѓе Иванов, од ВМРО-ДПМНЕ.

Да имаа Елена Гошева и Јован Јосифовски морален, личен и професионален интегритет самите ќе поднесеа оставки или ќе се иземеа од одлучување.

Срамната одлука на Уставниот суд не може и нема да го заштити Никола Груевски и неговите соработници од изборниот криминал.

Секој што го прекрши законот ќе одговара, порачуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација