А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Судии, обвинители, адвокати-вкупно 21 кандидат за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур

by А1он03/05/2025 - 12:26349
Share0

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека на јавниот повик за избор на кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, заклучно со 29 април годинава, пристигнале вкупно 21 апликација.

Добивај вести на вибер

Меѓу кандидатите, како што објавија некои од медиумите, има судии, обвинители, адвокати.

-Во наредниот период, Меѓуресорската Комисија формирана со одлука на Владата на Република Северна Македонија, ќе ги разгледа пристигнатите апликации, ќе изврши интервјуирање на кандидатите и ќе пристапи кон процес на нивно рангирање, со цел предлагање на тројца кандидати до Советодавниот панел на експерти за избор на судии при Советот на Европа, согласно член 22 од Европската Конвенција за Човекови права (ЕКЧП), информираат од МНРиНТ.

Процесот на селекција, како што посочуваат од МНРиНТ, ќе се спроведе во согласност со утврдените критериуми и процедури, со цел обезбедување на транспарентност и објективност при изборот на најсоодветните кандидати за оваа значајна позиција.

Од 2017 година македонскиот судија во Европскиот суд од земјава е Јован Илиевски.

Деветгодишниот мандат на новиот судија ќе почне на почетокот на 2026 година.

evropski sud za covekovi prava

Би можело да ве интересира

Спиро Ристовски неоправдано бил држен во притвор за „27 април“ одлучи судот во Стразбур

Катерина Ѓуровски16/01/2024 - 13:4316/01/2024 - 14:23

Европскиот суд за човекови права утврди повреда на правото на слобода на движење

Горан Наумовски25/10/2023 - 10:31

ВМРО-ДПМНЕ: Владата да не слави за одлуката во Стразбур, судот само констатира дека апликациите се преуранети

Катерина Ѓуровски16/02/2023 - 13:00

Ковачевски: Одлуката на ЕСЧП е огромна победа и успех на државава

Катерина Ѓуровски16/02/2023 - 12:12

Влада: Одлуката на Судот во Стразбур е во корист на државата

Катерина Ѓуровски16/02/2023 - 10:43

Пендаровски ја поздрави одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур

Катерина Ѓуровски16/02/2023 - 10:38
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен