Судии, новинари и адвокати на обука за слободата на изразување во медиумите

Од:

Четириесетина македонски судии, новинари и адвокати денеска и утре ќе учествуваат на обука која ќе биде фокусирана на прашања за слободата на изразување во медиумите.

Обуката, која е организирана во рамките на договорот за соработка помеѓу Француската амбасада и Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, ќе ја посетуваат судиите кои водат постапки во врска со слободата на изразување,  посебно кои постапуваат во предмети  за клевета, адвокатите и новинарите.

Обуката ќе биде предводена од двајца француски судии, Анабел Филип заменик обвинител во Основениот суд во Париз и раководител на Секторот за печат и заштита на слободите на изразување на медиумите во Јавното обвинителство и  Марк Баји, заменик претседател во  Основениот суд во Париз, судија координатор на Комората за печат.

Посебен акцент ќе биде ставен на слободата на изразување на новинарите, заштитата и ограничувањата, како и одлучување за износот на надомест во случај на клевета, споредување на практиките во Франција и во Македонија.

Во февруари оваа година во соработка со Амбасадата на Франција во Македонија беше спроведена обука наменета за административните кадри на Академијата за инжентеринг на Центар за судски обуки  а во месец април беше спроведена обука на предавачи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Усвоена Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година

А1он

Оценската мисија за Судскиот совет неделава завршува со мониторингот

А1он

Ковачевски за кривичниот законик: Казните се од комунистичко време, ги направил Дарт Вејдер, намалувањето е во согласност со ЕУ

Орце Костов

Лидерите на Северна Македонија мора да го ограничат политичкото мешање во судството, вели Стејт департментот

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Лога призна дека го упропастија судството, сега е време цела влада да си даде оставка

Предраг Петровиќ