ВИДЕО: Судењето за прислушувањето никако да почне

Од:

На денешното рочиште за предметот „Таргет-Тврдина“ судијката Џенета Бегтовиќ соопшти дека ќе почекаат Врховниот суд во Грција да донесе одлука за екстрадицијата на обвинетите Горан Грујевски и Никола Бошкоски по што ќе одлучи по барањето на специјалното јавно обвинителство дали за нив двајца ќе се води посебна судска постапка.

Ова е четврто одложување на предметот на СЈО за масовното прислушување во државата.

Сите досегашни рочишта беа одложувани поради истата причина односно поради отсуство на Грујевски и Бошкоски. Денеска во сдуницата се појавија обвинетите Сашо Мијалков, Гордана Јанкулоска, Тони Јакимовски и останатите службеници од УБК. Обвинителот Трајче Пеливанов на денешното рочиште побара за двајцата обвинети да се води посебна судска постапка.

Се очекува Врховниот суд на Грција на 18 мај да ја соопшти одлуката за екстрадиција на Грујевски и Бошкоски кои се наоѓаат во притвор откако во октомври минатата година беа уапсени на аеродромот во Солун со лажни бугарски пасоши.

Обвинението за предметот е поднесено на 30 јуни минатата година. Според него, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви без судски наредби. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов