Судењето за нападот врз Села ќе продолжи на годишнината од случувањата во Собранието

Од:

Видео снимки и фотографии од случувањата на 27 април, ќе се гледаат во Кривичниот суд в петок, точно една година по случувањата во Собранието на Република Македонија, за кога е закажано следното рочиште за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села.

На денешното рочиште обвинителството побара повлекување на некои слики и снимки од листата на предложени докази поради нивно повторување по содржина со други докази и предложи интервали кои би се гледале, со цел економичност на судскиот процес. Во однос на повлекувањето, одбраната ќе може пред почетокот на следното рочиште да побара зголемување на интервалите или целосно пуштање на некои од снимките.

Претходно, адвокатот на Села кажа дека оштетениот Села се наоѓа во САД и целата медицинска документација ја имаат побрано за испитувањата кои треба да ги прави. – Рентген снимките се со него и тој не е во Македонија. Го известувам судот дека нема да може да ги врати до следното рочиште, кажа адвокатот.

Одбраната даде согласност со оглед дека нема дополнителна документација, медицинската документација да не се чита одделно и само да се заведе во записник.

Денешното рочиште во Кривичниот суд, почна два часа подоцна од закажаниот термин, поради неспроведувањето на обвинетиот Цејо Ѓеоргиевски од домашен притвор.

За обидот за убиство на Зијадин Села на 27 април минатата година обвинети се Кире и Цеко Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Сенков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски – Кобра. Обвинетите за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села на претходите рочишта се изјаснија за невини.

Би можело да ве интересира

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Катерина Ѓуровски

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година

Се гонат само поранешни функционери, големите остануваат над законот, порачаа родителите на Комисијата за „Пулс“

Дополнетиот Предлог-буџет на пленарна седница

Собранието осветлено во портокалово во поддршка на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“