Судењето против браќата Усеини одложено за 26 октомври

Од:

Првото рочиште од судскиот процес што пред Основниот суд Охрид се води против браќата Усеини е одложено за 26 октомври. Причина за одложувањето е влошената здравствена состојба на Ибраим Усеини, брат на советникот во Општина Охрид од редовите на ДУИ – Нефи Усеини.

Според кажаното на денешното појавување пред Судот, Ибраим Усеини имал проблеми со покачен крвен притисок, таа што денеска бил префрлен во Центарот за кардиолошки и васкуларни заболувања во Охрид.

Пред Судскиот совет од предметот што го води судијата Милчо Клишески не се појави ниту Спиро Топалоски оштетениот и главен сведок во судењето, со образложение дека неговата сопруга вработена во детска градинка не можела да отсуствува од работно место така што немало кој да се грижи за децата.

Судијата Клишески најави дека доколку Топалоски не се појави во судница на следната покана, стражарно ќе биде приведен и донесен пред Судот.

Димитрија Цобоски, адвокат на одбраната на Усеини, за медиумите изјави дека тежината на кривичното дело треба да се рангира според последиците настанати во самиот настан.

– Во конкретниот случај се работи за кривично дело со лесни телесни последици, така и треба да се квалификува. Квалификацијата произлегува од тоа што што делото е сторено од група, во случајот Нефи и Ибраим Усеини. Што точно се случило ќе се утврдува во доказната постапка, рече Цобоски.

Судскиот процес против браќата Усеини се води поради сомневање дека се сторители на кривично дело „насилство“ извршено врз Топалоски. Против нив беше покрената пријава и за „неовластено држење на оружје или распрскувачки матeријали“, но подоцна оштетениот Топалоски го смена исказот даден во предистрага, посочувајќи дека се работи за недоразбирање односно погрешно протолкувана изјава.

Адвокатот на одбраната нагласи дека во обвинието нема пиштол, нема огнено оружје, односно нема кривично дело „неовластено поседување оружје“.

– Се работи за една кривична постапка. Нефи Усеини е неосудувано лице, поседува решение за бришење казни од претходни постапки, рече Цобоски.

Настанот се случи на 18 август годинава кога пред хотел во Охрид Топалоски физички бил нападнат од браќата Усеини, при што според првичната изјава на оштетениот бил изваден и пиштол, а кон него и неговиот малолетен син биле упатувани закани. Подоцна тој го смени исказот во изјавата дадена пред Јавен обвинител, што според одбраната е единствен валиден доказ во постапката.

Би можело да ве интересира

Поднесено обвинение за Нефи Усеини за дивоградба во центарот на Охрид

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

A1on

Лазаревска: СДСМ бара одговорност за отстранувањето на спомен плочата од НОБ во Охрид, Пецаков да не молчи

Левица: Нефи поддржан од Пецаков ја отстрани спомен плочата на НОБ во Охрид

Бизнисменот Нефи Усеини, кој тепаше и градеше дивоградби, поднесе оставка од советничката функција во Охрид

Кристијан Ландов

Наместо затвор, Нефи Усеини доби казна под минимумот: парична глоба ќе треба да го натера да не тепа советници во иднина

Кристијан Ландов