Судар на Голф и мотокултиватор – тешко повреден 35 годишен кумановец

Од:

35 годишен кумановец е тешко повреден во сообраќајка меѓу автомобил и мотокултиватор во Куманово. Повредениот управувал со мотокултиваторот.

„ На 19.05.2024 околу 20.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од бул.„Октомвриска револуција“, ул.„Ѓорче Петров“ и ул.„Иво Лола Рибар“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ч.С.(63) и мотокултиватор управуван од Ф.С.(35), двајцата од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ф.С., констатирани во Општата болница во Куманово. “, велат од МВР.

На местото извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.

Би можело да ве интересира

Судир на бродови во Јужното Кинеско Море

Страшна сообраќајка близу обиколница: Загина жена, шестмина повредени во судир на минибус и „голф“

A1on

Загина 74-годишен возач на мотокултиватор