Во село Зелениково e пронајден починат Ц.К., на возраст од 72 години од Зелениково, кој бил прегазен од неговиот мотокултиватор. Ова било пријавено во полициската станица во Драчево, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
– Според пријавеното, тој излегол утрото да работи на нива со мотокултиваторот, а откако не се вратил до 13 часот, неговиот брат отишол на нивата и го пронашол под мотокултиваторот – појаснија од МВР.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.
Увид извршила увидна екипа на Секторот за внатрешни работи – Скопје.
